Монетите од најпознатата фонтана ги скараа градоначалничката и црквата

Сподели со своите пријатели

Помеѓу градоначалничката на Рим и Католичката црква избил спор поради парите од фонтатата Ди Треви, од која секоја година се вадат скоро 1,5 милиони евра.

Loading...

Вообичаено тие пари одат на хуманитарната католичка организација Каритас за помош на сиромашните, но градоначалничката Вирџинија Раги сака со тие пари да ги покрие трошоците за поправка на дотраената градска инфраструктура.

Каритас наведува дека губитокот на тие приходи ќе ги погоди најсиромашните.

– Не се надевавме на ова. Се надевам дека тоа не е конечна одлука, изјавил директорот на Каритас, Бенони Амбарус.

Како што се наведува, градските власти веќе го одобриле планот на градоначалничката, кој би требал да биде спроведен во април.

Сепак, многумина Италијанци преку социјалните мрежи побараа да се разгледа таа одлука.

Фонтаната Треви, која е стара три века, секоја година ја посетуваат милион туристи.

Традицијата за фрлање парички ја прославила песната на Френк Синатра „Три парички во фонтаната“ од истоимената романтична комедија од 1954 година.

Loading...

Leave a Reply