Момчето ја запросило девојката, но целото внимание случајно го украл нивниот лабрадор

Сподели со своите пријатели

Постојат неколку ситуации во животот кои не се забораваат. Тоа се раѓање на дете, дипломирање, веридба… Но, еден пар ќе ја памети свршувачката по она што го направи нивниот лабрадор Оскар додека тие славеа за свршувачката.

Loading...

Инфлуенсерката Бри Ленехан била запросена од своето момче Дилан на Денот на вљубените. Ја однел во австралиско езеро и ја вклучил камерата за да сними важен момент. Откако таа кажала да, Дилан почнал да му го става прстенот  на раката на Бри, но потоа во кадарот влегол Оскар. Кучето го  чешало задникот, па почна да се влече по тревата кон езерото.

Парот не бил свесен што се случува зад нивниот грб. Кога отишол поблиску до езерото, Оскар се бањал, а видеото поради него станало вирално. Погледнете го подолу.

 

@breelenehan

I can’t believe this happened just as he was putting the ring on my finger for the 1st time 💀 #fail #proposalgonewrong #valentinesday #beachday #lol

♬ Cornfield Chase – Dorian Marko