Момче (14) се жалело на главоболка: Кога му го извадиле ова од увото веднаш му било подобро

Сподели со своите пријатели

Тинејџерот Грант Боти (14) од Арканзас имал ужасно искуство во 2015 година кога увото почнало да боли во текот на ноќта. Момчето било разбудено од сон од болка, а агонијата траела до утрото следниот ден. Неговиот случај буквално го шокираше светот, а еве со колку страшна дијагноза се соочи овој, тогаш, тинејџер.

Loading...

Побарал помош од неговата мајка и додека објаснувал во што е проблемот, почувствувал дека нешто се движи во неговото уво. Се обидел да го извади она што го мачи, а кога видел што има во неговото тело, се шокирал.

Во неговото уво имало стоногалка долга 10 сантиметри. Неговата мајка го ставила одвратното суштество во пластична кеса и го однела момчето во болница.

 

 

Лекарите рекле дека никогаш не виделе нешто слично. Стоногалката предизвикала гребнатини и повреди на ушното тапанче и ушниот канал. За среќа, веднаш било кажано дека момчето нема да има последици по оваа несреќа.

На никого не му е јасно како стоногалката се создала во неговото уво, но постои сомневање дека момчето го „собрало“ суштеството кога одело да плива.

Loading...