Молдавија најдобро ќе ја заштитиме, ако ја заштитиме Украина, вели британскиот министер

Сподели со своите пријатели

Најдобриот начин да се заштити Молдавија од руски напад е да се заштити Украина, изјави британскиот министер за надворешни работи, кој истовремено јасно стави до знаење дека Британија не е склона да испраќа оружје директно до властите во Кишињев.

Loading...

Џејмс Клеверли при посетата на Молдавија најави британска помош во износ од 12 милиони американски долари за спроведување на реформите во економијата и државната администрација. Помошта вклучува и реформа во енергетскиот сектор.

Од руската инвазија на Украина, прозападната влада на Молдавија и нејзините сојузници стравуваат дека земјата може да биде вовлечена во конфликтот.

„Најдобар начин да се заштити Молдавија е да им се помогне на Украинците да се одбранат од Русите“

Молдавија, земја со само 2,5 милиони жители, граничи со Украина и има руски мировници во отцепениот регион Придњестровје, кој е лојален на Москва.

Москва повторува дека се работи за неоправдана „русофобија“.

Запрашан од новинарите дали Лондон планира да испрати воена помош за Молдавија, Клеверли рече:

„Цврсто веруваме дека еден од најдобрите начини да се заштити Молдавија од напад е да им се помогне на Украинците да се одбранат од Русија“.

Во последните месеци неколку проектили насочени кон Украина влегоа во воздушниот простор на Молдавија.

Loading...

Кишињев ја обвинува Москва и за поттикнување антивладини протести, што Кремљ го негира.

Во февруари, претседателката Маја Санду, исто така, ја обвини Москва за заговор за државен удар и за соборување на владата во Кишињев.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.