Могерини: Забрзајте ги реформите на Западен Балкан

Сподели со своите пријатели

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини ги повика сите партнери на Западен Балкан да ги забрзаат клучните реформи и да направат конкретни чекори на патот на евроинтеграциите.

– Како што е јасно потврдено оваа година, вклучувајќи во Европскиот совет во март и во говорот на претседателот Јункер за состојбата во унијата од септември, 2018 година ќе се донесе единствена прилика за регионот да направи неповратни чекори во целта на евроинтеграциите, ставајќи приоритет на неопходните реформи, особено оние во областа на владеењето на правото, правосудството и основните права, стои во соопштението на Европската служба за надворешни работи издадено по состанокот на Могерини со премиерите на западнобалканската шесторка во Брисел.

Во соопштението се наведува дека висока претставничка за надворешна политика и безбедност и потпретседателката на Европската комисија била домаќин на премиерите од Западен Балкан на состанокот на кој се разговарало за ситуацијата во регионот со особен фокус на можниот напредок на регионот во 2018 година во процесот на евроинтеграциите.

Додава дека сите шестмина премиери од регионот потврдиле целосна посветеност во евроинтеграцискиот процес.

– Со обвновена динамика во политиката за проширување на ЕУ и шансата да се направи важен напредот во регионот, високата претставничка ја нагласи потребата партнерите од Западен Балкан да ги забрзаат клучните реформи и да ги испорачаат на граѓаните од регионот она што тие го очекуваат во вид на конкретни чекори кон ЕУ интеграциите, се наведува во документот на EEAS.

Во текстот се истакнува дека учесниците на состанокот ја нагласиле својата длабока одлучност и интерес за јакнење на соработката, добрососедските односи и промоција на регионалното разбирање.