Американската војска повторно на Балканот: Четири точки за акции во регионот

Сподели со своите пријатели

Атлантскиот совет објави извештај за новата американска стратегија за Балканот под името „Балканот напред: Нова стратегија на САД за регионот“.

Во него е предложено постојано американско воено присуство во југоисточна Европа, залагање за „историско помирување“ со Србија и обнова на репутацијата на САД кај истакнатиот посредник.

За денеска во Вашингтон е закжана прес конференција на Атлентскиот совет за Западен Балкан.

По конфликтите од деведесетите, се верувало дека Западен Балкан се наоѓа на патот конс табилноста и дека ветување за евроатлантските интеграции ќе им помогне на земјите од порнаешна Југославија да минат низ болни внатрешни реформи и да го потикнат регионт на соработка, која ќе помогне во надминувањето на раните од војните, се наведува во извештајот.

Според оценките на Атлантскиот совет, во регионот е постигнат значителен напредок – Словенија и Хрватска се членки на НАТО и ЕУ, а Албанија и Црна Гора пристапија во НАТО.

Охрабрувањето на овие успеси, ангажирањето и на европските држави на САД е намелно, со оправдување на пасивното верување во неизбежност на движењето во регионот.

САД посебно можат и треба да имаат клучна улога во тоа како би го дале гласот за јасна, заедничка визија за регионот и да координираат со ЕУ повторно воспоставување на јасен пат кон заеднички трансатлантски цел на политичко ниво, смета Атлантскиот совет.

Во извештајот се наведени неколку конкретни чекори, кои САД би требало да ги направат за да можат да помогнат во стабилизацијата на регионот.

Под еден, Атлантскиот совет смета дека САД треба да воспостави постојано присуство на војската во Југоисточна Европа, со што би покажала константна посветеност за постигнување безбедност во регионот и овозможување долгорочно да влијае врз развојот на настаните.

Кампот Бондстил е идеален за тоа, стои во извештајот.

Војниците би требало да помогнат во зајакнувањето на способноста на локалните власти во борбата против тероризмот низ обука и размена на најдобра практика, како и пружање помош во хуманитани катастрофи, а тоа исто така, би требало да испрати јасен сигнал во регионот дека САД се посветени за спречување на непромислена ревизија на постоечките граници, што како што тврдат, го потикнува рускиот активизам.

Под два, во извештајот се предлага, САД да се обидат да постигнат историско зближување со Србија. Тоа не е нов пристап, туку неопходен силен обид во контекст на обнова на ангажманот во регионот.

Белград може и треба да биде близок партнер и сојузник во регионот, но тоа може да се постигне единствено ако започна значително да се дистанцира од Русија, наведува Атлантскиот совет.

Под три, САД треба да ја повратат репутацијат ана вистински посредник, која помеѓу другото, треба да вложи дополнителен напор за да ги подготви Атина и Скопје во иднина да станат сојузници, и да се придружат на ЕУ во напорите да се потикнат разговори помеѓу Белград и Приштина.

Под четири, како се наведува, треба да се обрне внимание на претприемачите и младите во регионот.

Ниту еден од овие чекори не може без да се обрне внимание на долгорочните економски перспективи на регионот и младит елуѓе, се истакнува во извештајот.

Се напоменува дека САД мораат повторно да се ангажираат со сите европски партнери да направат значителни економски можности за луѓето во регионот од инфраструктурните проекти, преку намалување на ограничувањето во регионалната трговија, до потикнување на инвестирање во дигитална сфера.

Европската унија ќе сотане главен играч на Западен Балкан, со далеку повеќе ресурси, алати, човечки капитал и политичко внимание посветено на регионот од САД, наведува Атлантскиот совет и истакнува дека САД треба да задржат псоебен авторитет, кој може да се искористи за да се унапреди безбедноста на регионот, како никогаш повеќе не би станал извозник на сериозни проблеми и конфликти.