„Модерна баба“: Потрошила 26.000 евра за да го покрие целото тело со тетоважи!

Сподели со своите пријатели

Керстин Тристан досега потрошила неверојатни 26.000 евра на своите тетоважи. Имено, оваа модерна баба почнала да го “украсува” своето тело во 1992 година, а како што пишува Мирор, оттогаш речиси целосно го покривала со различни дизајни.

Loading...

 

 

Керстин својата неверојатна трансформација во последните 30 години ја споделила на социјалните мрежи каде покажа како изгледала во 1992, 2014 и 2022 година, а покрај бројните тетоважи, нејзините фотографии покажуваат дека таа е природно црвенокоса.

 

 

Loading...

На социјалните мрежи бабата има речиси милион следбеници кои се желни да ги видат нејзините нови дела, а во бројните видеа, покрај тетоважите, Керстин покажува и завидна фигура која ја одржува преку строги тренинзи.

 

 

Иако малкумина се навикнати да ја гледаат својата баба така тетовирана, Кирстен со своите објави собира главно позитивни коментари, а корисниците се воодушевени од нејзиниот целокупен изглед и стил.

 

 

Loading...