МНР со препорака да не се патува во Автанистан, а оние што се таму да заминат во најскоро време

Сподели со своите пријатели

Да не се патува во Авганистан, порача денеска Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, со порака доколку има македонски државјани да се вратат во најскоро време, поради влошената безбедноста состојба во државата.

Loading...

– Заради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Исламската Република Авганистан, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија препорачува на сите граѓани на Република Северна Македонија да не патуваат во Авганистан, а доколку моментално се наоѓаат во земјата, заради лична безбедност да заминат во најскоро можно време.

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732.

Никола Ивановски