Младоженец во Тајланд уби четири лица на својата свадба, меѓу кои и невестата

Сподели со своите пријатели

Тајландски параспортист и поранешен војник ја убил својата невеста и уште три лица на денот на неговата венчавка, а потоа си го одзел животот.

Loading...

Чатуронг Суксук (29) и Канчана Пачунтхуек (44) се венчале во саботата во североисточниот дел на Тајланд.

Очевидци наведуваат дека младоженецот ненадејно ја напуштил свадбената веселба и се вратил со пиштол и ги застрелал сопругата, нејзината 62-годишна мајка и нејзината 38-годишна сестра.

Залутани куршуми погодиле двајца гости кои итно биле пренесени во болница. Еден од нив починал.

Засега не е познат мотивот за убиствата

Полицијата за Би-Би-Си изјавила дека Чатуронг во тоа време бил прилично пијан, но дека се уште не е познат точниот мотив за убиствата.

Тој додава дека младоженецот минатата година легално купил оружје и муниција.

Тајландските медиуми јавуваат дека парот се скарал за време на забавата.

Тие исто така тврдат дека Чатуронг се чувствувал несигурен поради разликата во годините меѓу него и Канчана.

Loading...

Двојката живеела заедно три години пред да се венчаат.

Чатуронг освои сребрен медал во пливање на Асеанските пара игри во Индонезија минатата година.

Тој ја изгубил десната нога додека бил на должност со паравоените пешадиски сили кои патролираат по границите на Тајланд.