МКК Куманово утре против Борец Баскет

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Младинскиот кошаркарски клуб Куманово утре ќе си ги одмерат силите со Борец Баскет од Велес во рамките на второто коло од Втората лига.

Loading...

Тимот на Марин Докузовски има високи амбиции сезонава, а тоа е влез меѓу најдобрите тимови во Првата лига, а тоа го потврдија и со победата во првото коло. На домашен терен минатиот викенд го совладаа составот на Тетекс со резултат 100:66.

Утрешниот натпревар МКК Куманово го игра во спортската сала „Гемиџии“ во Велес со почеток од 15:30 часот.

Никола Ивановски