МКК Куманово и КК Куманово денеска започнуваат со натпреварите

Сподели со своите пријатели

Младинскиот кошаркарски клуб Куманово и Кошаркарскиот клуб Куманово 2009 вечерва ја започнуваат натпреварувачката сезона во Втората кошаркарска лига.

Loading...

На домашен терен МКК Куманово го пречекува составот на КК Тетекс во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 20:30 часот.

Тренер на клубот ќе биде Марин Докузовски, а во ростерот на располагање ќе има претежно домашни кошаркари кои изминатите години беа подмладок на КК Куманово.

Нив друштво на теренот ќе им прави и репрезентативецот Марјан Јанески.

Од друга страна, Куманово 2009 натпреварите ги стартува на гостински терен под тренерство на Горан Димитријевиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Вечерва во Прилеп со почеток во 19:00 часот силите ќе ги одмерат со КК Мега Баскет.

Никола Ивановски