МКК Куманово го пречекува Работнички, КК Куманово против Соколи

Сподели со своите пријатели

Два кошаркарски натпревари викендов ќе се одиграат во Куманово во рамките на втората кошаркарска лига.

Loading...

Утре со почеток во 12:00 часот Работнички му гостува на Младинскиот кошаркарски клуб Куманово.

Избраниците на Марин Докузовски досега нижат победи од првите две одиграни кола, со што заедно со Водно Санс се лидери во табелата.

Во недела пак, со почеток 18:00 часот, КК Куманово 2009 го пречекува составот на Соколи 1933. Овој кумановски клуб од почетокот на сезонава се уште нема запишано победа.

Двата натпревари викенов се играат во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Никола Ивановски