Мистерија на „летот 19“: Пет авиони со екипаж исчезнале во ист ден, на исто место

Сподели со своите пријатели

Околу последните минути од „летот 19“, сѐ е оставено само на шпекулации. И покрај многу обемната потрага, авионите никогаш не биле пронајдени.

Loading...

Се верува дека тие паднале во морето и завршиле на дното на океанот.

Авторот и историчар Џилс Милтон во својата книга „Фасцинантни фусноти од историјата“ (Fascinating Footnotes From History) тврди дека ја открил вистината за една од најголемите светски мистерии во историјата на воздухопловството, а тоа е исчезнувањето на пет американски авиони над Атлантикот пред повеќе од седумдесет години.

Се започнало како рутинска обука за летање. Попладнето на 5 декември 1945 година, пет бомбардери полетале од поморската база Форт Лодердејл во Флорида.

 

 

Сите пет авиони биле познати како „Лет 19“ и тргнале на вежба која требала да трае три часа. Меѓутоа, кога дошле во областа на Бермудскиот триаголник, работите тргнале наопаку.

Loading...

Пораката што ја добила контролата на летот на тој кобен 5 декември 1945 година, била сосема невообичаена.

„Сѐ изгледа чудно, како да влеговме во бела вода. Целосно сме изгубени”, јавил еден пилот.

По тие зборови, се слушнало само крцкање и тишина, а петте авиони на „Лет 19“ исчезнале без трага. Тие се загубиле над Атлантскиот Океан, во областа на „Бермудскиот триаголник“.

Нивниот случај стана познат како една од најголемите мистерии, бидејќи не биле пронајдени остатоци од авионот, како и телата на пилотите. Вкупниот број на жртви е 14.

Но, оваа бизарна приказна не е завршена. По овие пет авиони што исчезнале, секоја трага била изгубена за авионот што тргнал во потрага по нив, и во кој имало 13 членови на екипажот и спасувачи.

 

 

Loading...

По нив, помеѓу 1948 и 1949 година, уште три авиони исчезнале во областа. Мистерија се појави и околу јахтата Конемара IV, која исто така исчезнала, но подоцна беше пронајдена, но без ниту еден член на екипажот.

Во својата книга, Милтон тврди дека конечно би можела да се открие вистината за исчезнатите авиони и Бермудскиот триаголник, пишува Телеграф.

Во времето кога исчезнале авионите, фокусот на истрагата бил поручникот Чарлс Тејлор, искусен пилот со повеќегодишна кариера како инструктор за летање.

Секој од неговите студенти кои биле дел од тимот на „Летот 19“ имал најмалку 300 часа летање, и никој од нив никогаш не пријавил дека има проблем при летот.

Милтон посочува дека делови од разговорите што се случиле преку радија снимени околу 15.40 часот, може да откријат што се случило денот кога исчезнале пет авиони.

„Не знам каде сме. Сигурно сме се изгубиле после последниот свиок”, рекол еден од членовите на екипажот преку линија, на што поручникот Тејлор одговорил: „И двата мои компаси не работат. Ќе се обидам некако да го најдам Форт Лодердејл“.

 

Loading...

 

После тоа, се слушнал гласот на друг член на екипажот, кој очигледно бил првиот што сфатил дека се изгубени.

„Кога би знаеле каде е западот, би можеле да си одиме дома!

Токму во тој момент во Форт Лодердејл сфатиле дека авионите на „Летот 19“ се наоѓаат северно од Бахамите, милји од копното и почнале да паничат.

Последните минути се само шпекулации

Во 18.20 часот повторно може да се слушне гласот на поручникот Тејлор.

Loading...

„Мораме да извадиме сѐ што е непотребно од авионот. Кога првиот ќе падне под десет литри гориво, сите ние паѓаме!”

Околу последните минути од „летот 19“, сѐ било оставено на шпекулации. И покрај многу обемната потрага, авионите никогаш не биле пронајдени.

Се верува дека тие паднале во морето и завршиле на дното на океанот. Американската морнарица веднаш започнала истрага, а се верува дека авионот кој тргнал да ги бара експлодирал во воздух.

 

Loading...

 

Што се однесува до петте авиони, се смета дека е човечка грешка, и фактот дека поради некоја причина нивните компаси не работеле.

Заклучено е дека Тејлор грешел кога мислел дека се наоѓаат над Флорида Кис, и оваа негова претпоставка ги натерала да се оддалечуваат сѐ подалеку од копното, наместо да му се приближуваат.

Додека сите го следеле Тејлор, останале без гориво среде океанот и завршиле на дното на морето.