Мистерија на египетска мумија: Тело на жена во погрешен саркофаг доведе до необични откритија!

Сподели со своите пријатели

Британскиот филантроп Сер Чарлс Николсон купил мумифицирано тело, ковчег со капак и мумија како комплет за време на патувањето во Египет во 1850-тите, пред да го донира на Универзитетот во Сиднеј во Австралија во 1860 година.

Loading...

Натписот на ковчегот го идентификувал сопственикот како жена по име Меруа, а врз основа на иконографијата, саркофагот датира од околу 1000 година п.н.е.

Но, новата анализа на саркофагот и мумијата покажала дека телото на жената, која имала меѓу 26 и 35 години кога починала, всушност е многу постаро од ковчегот во кој почива.

Д-р Карин Совада, од Универзитетот Мекквари во Австралија, и нејзините колеги проучувале ретко видена каллива мембрана која ја „чува“ мумијата во музејот Чау Чак Винг во Сиднеј.

Иако мумифицираното лице било на КТ скен во 1999 година, д-р Совада и нејзиниот тим повторно го скенирале телото користејќи понова технологија. Сликите на забите и скелетот потврдиче дека станува збор за мумифицирани останки на жена на возраст меѓу 26 и 35 години.

– Калната мембрана што го покрива телото на мумифицирана жена во текстилна обвивка е нов додаток на нашето разбирање за древната египетска мумификација – објасни д-р Совада.

Истражувачите велат дека на телото немало знаци на надворешни гениталии, а репродуктивните органи најверојатно биле отстранети при мумификација.

Наместо тоа, анализата на коските на колкот, вилицата и черепот утврдила дека се работи за жена.

Loading...

Анализата на платнените завои завиткани околу телото покажала дека жената живеела во доцното Ново Кралство, околу 1200 година п.н.е. до 1113 година п.н.е.

Како тогаш е можно телото да е постаро од саркофагот?

Научниците веруваат дека трговците од 19 век кои го продавале древниот египетски ковчег ставиле неврзано тело внатре, па изгледало како целосен комплет.

– Новите снимки, исто така, го открија обемот и природата на калта, покажувајќи дека калта целосно го премачкува телото и е наслојна внатре во платнената мантија. Сликите од најдлабоките слоеви укажуваат на тоа дека телото е релативно брзо оштетено по првичната мумификација, а нанесена е кал и дополнителни облоги за обновување на телото – објаснува д-р Совада.

Покрај неговата практична цел за „реставрација“, истражувачите сугерираат дека штитот од кал им дава можност на оние што се грижат за мртвите да ги имитираат елитните погребни практики од тоа време, вклучително и премачкување на телото со скапа, увезена смола.

Наместо тоа, овде се користат поевтини, лесно достапни материјали.

Бидејќи овој третман на оклопот од кал не е претходно документиран, тимот забележал дека не е можно да се утврди колку често се користел за членовите на плебс во Египет.