Миладин Пековиќ нов член на КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Некогашниот кошаркар на Кожув и Фени, Миладин Пековиќ потпиша договор, со кој во следната сезона се врзува да биде дел од Куманово.

Вицепрвакот во домашното првенство сеуште има визија за задржување на костурот од минатата сезона, па така се одлучи за неколку засилувања меѓу кои беа Мијатовиќ и Ѓорѓевиќ, а денес потпиша и со Пековиќ.

Од Куманово се очекува да направи уште едно засилување, односно ангажирање на центар кој во моментов им е најпотребен.

извор: Спорт Клуб