Микробранов фрижидер – ладно пиво за минута (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Matrix Industries со седиште во Калифорнија, која е специјализирана за производство на паметни часовници со топлинско напојување, дизајнираше специфична микробранова печка која лади.

Loading...

Овој „превртен фрижидер” користи термоелектричен ладилник за да врти вода околу пијалокот со голема брзина, брзо намалувајќи ја температурата на лименката.

Машината не се движи за време на процесот на ладење и пијалокот е подготвен за консумирање веднаш штом ќе излезе од микробранова печка.

Претставен е прототип кој може да олади по еден газиран сок, но производителите планираат да го направат комерцијално одржлив, многу брзо.

Компанијата го објави својот изум во претпродажба на својат астраница „Индигого“.

По само два дена од активирање во кампањата, тие заработија над 100 илјади фунти.

Leave a Reply