Мигранти крумчареле мигранти во кумановско

Сподели со своите пријатели

Полицијата вчера открила 15 мигранти во поранешна фарма во атарот на кумановското село Речица. Двајца од мигрантите се сомничат дека ги шверцувале останатите.

Loading...

– На 06.02.2022 во 13.40 часот на исклучувањето за с.Речица, кумановско, на автопатот Куманово-Табановце, во објекти на поранешна фарма, полициски службеници од Национална единица за спречување на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе пронашле 15 мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Двајца од мигрантите биле приведени поради сомнение дека се организатори, односно дека вршат криумчарење.

– Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Останатите лица се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во прифатниот центар во Табановце, додаваат од МВР. 

Како што појаснуваат оттаму, за настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски