Мета: Албанија не треба да биде дел од дијалогот Белград – Приштина

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Албанија Илир Мета изјави дека смета оти Албанија не треба да биде дел од дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Loading...

– Јас реков и претходно, а и натаму стојам зад тоа, дека Алабанија не може да биде дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина, рекол Мета во интервју за РТВ21 од Тирана.

Тој вели дека Албанија била меѓу првите држави која ја признала независноста на Косово, независноста на нејзините институции, но додава дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е работа на косовските институции.

– Било кое мешање на Албанија во тој дијалог на било кои теми кои се дел од тој процес, ќе ја урне независноста и легитимитетот на тие институции, смета Мета.

Како што додава, проблемот е во тоа како да се заврши тој дијалог на најдобар можен начин за двете страни, но исто така и за регионот, затоа што „станува збор за проблем кој може да ги забрза или успори сите европски процеси во регионот“.

Leave a Reply