Менаџерот на железничката станица во Лариса е уапсен како одговорен за судирот на возовите

Сподели со своите пријатели

Грчките власти денеска го приведоа шефот на железничката станица во Лариса, по сударот на два воза во градот Темпи, недалеку од тој град, во кој загинаа 36 лица, а 85 беа повредени.

Loading...

Шефот на станицата, за кој се смета дека сноси најголема одговорност за несреќата, се извини на сослушувањето во обвинителството, по што беше пуштен на слобода.

На местото на настанот излезе обвинител кој ќе спроведе истрага за прекршоци за безбедност во сообраќајот со смртен исход, пренесува Екатимерини.

Тоа дело се третира како кривично дело за кое е предвидена казна затвор од 10 години до доживотен затвор.

Во Грција е прогласена тридневна жалост поради трагичниот судир на меѓуградски патнички воз кој сообраќал од Атина за Солун со товарен воз пред градот Лариса во централна Грција.

Во возот имало околу 350 луѓе, а голем број патници биле студенти.

Причината за несреќата, официјално, се уште не е позната, а истрагата ќе треба да одговори на прашањето како е можно двата воза кои се судриле да минувале цел километар по иста пруга, според последните информации на Танјуг.

Ова е најтешката сообраќајна несреќа во Грција во последните неколку децении.

Loading...