Мексико: Пронајдени 45 вреќи со човечки остатоци (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Властите во Мексико пронајдоа 45 вреќи со човечки остатоци на северот на земјата и во моментов се обидуваат да утврдат колку тела има таму.

Loading...

Кесите се пронајдени во клисура на периферијата на Гвадалахара, а во нив има останки и на мажи и на жени, соопшти државното обвинителство во мексиканската држава Халиско, пренесува АП.

Пожарникарите и цивилната заштита со помош на хеликоптер работеа на извлекување на остатоците од клисурата, а тоа планираат да продолжат и во наредните денови.

Човечки останки беа пронајдени при потрагата по седум млади лица кои беа пријавени за исчезнати минатата недела.

Сѐ уште не е познато дали нивните тела се меѓу пронајдените останки.

Местото на откривањето е истражено откако обвинителството добило дојава дека таму се пронајдени делови од тела.

Во Мексико се трага по повеќе од 110.000 исчезнати лица, а Халиско, каде што се трага по 15.000 луѓе, според владините податоци е земјата со најголем број исчезнати лица.

Покрај исчезнатите, има и илјадници неидентификувани останки во мртовечници и гробишта.

Loading...