Мексиканските власти спасија 31 киднапиран мигрант, меѓу кои и деца

Сподели со своите пријатели

Мексиканските власти спасија 31 мигрант, меѓу кои и жени и деца, кои беа киднапирани во текот на викендот во северната мексиканска држава Тамаулипас, соопштија локалните власти.

Loading...

Претседателскиот портпарол Хесус Рамирез го потврди спасувањето на социјалната мрежа Х, истакнувајќи дека мигрантите се преземени од властите и веќе се подложени на соодветни медицински прегледи.

Објавата ја придружуваше со фотографија на која се гледаат мажи, жени и деца, вклучително и едно како држи плишано животно, објави Ројтерс.

„Мигрантите се безбедни и здрави“, напиша министерката за внатрешни работи Луиза Алкалде на X.

Вооружени напаѓачи во саботата киднапираа мигранти од автобус на автопат во општината Рејноса, во близина на границата на Мексико со САД.

Автобусот се движел кон градот Матаморос, кој се наоѓа спроти Браунсвил, Тексас.

Мексиканската министерка за безбедност Роса Исела Родригез претходно вчера изјави дека киднапираните мигранти се од Венецуела, Еквадор, Колумбија, Хондурас и Мексико.

 

Loading...