Мексиканските картели регрутираат членови преку видео игри

Сподели со своите пријатели

Магазинот Форбс објави извештај кој открива како мексиканските картели почнале да бараат млади луѓе на Интернет. И тоа преку видео игрите, а особено преку мегапопуларната „GTA online“.

Loading...

Во минатото, особено во времето на најпознатиот нарко-бос, Колумбиецот Пабло Ескобар, употребата на технологијата беше опасна, речиси се одеше од уста на уста, но со текот на годините работите се менуваа.

Автомобил со 60 килограми метамфетамин неодамна бил запрен на американско-мексиканската граница. Во разговор со полицијата, возачката признала дека на онлајн серверот GTA запознала маж, познат само како Џорџ.

 

 

Набрзо се спријателиле и почнале да се допишуваат, кога маж и понудил 2.000 долари за транспорт на „разни електронски уреди“ преку границата меѓу САД и Мексико.

Таа признава дека на почетокот била скептична, но решила да ја прифати понудата бидејќи му верувала на својот онлајн пријател и и требале пари.

Loading...

На суд се бранела бидејќи не знаела што носи преку граница. Тврди дека е жртва на измама – се наведува меѓу другото во полициското соопштение

Рикардо Мехиа, советник за безбедност на мексиканската влада, откри дека минатата година пронашле врска помеѓу картелите и мобилните игри.

 

 

Преку нив криминалците регрутирале деца на возраст од 11 до 14 години и им нуделе 200 долари неделно да дојдат и да работат за картелот. Денес, картелите регрутираат повеќе онлајн од кога било. Тие особено се „инфилтрираа“ во видео игрите како Call of Duty, GTA, Gears of war, Fortnite… – тврди Меџиа.

Американските власти веруваат дека картелите се најлесниот начин да се најдат потенцијални членови на овој начин. Тие им приоѓаат на играчите на серверите кои се особено насилни во коментарите, особено ако се помлади и им нудат лесна и брза заработка.

Локалните власти ги предупредија родителите одвреме-навреме да проверуваат што прават нивните деца на мобилните телефони и во светот на интернет.

Loading...