Медведев: Два начини за решавање на конфронтацијата, еден од нив е Трета светска војна

Сподели со своите пријатели

Еден од начините за решавање на конфронтацијата во светот е Трета светска војна во која нема да има победници, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

Loading...

Тој во напис за руски весник оцени дека тоа би било лошо бидејќи, како што наведува, на победниците воопшто не им се гарантира понатамошен просперитет, како што беше случајот по претходните светски војни.

„Најверојатно, нема да има победник“, смета Медведев.

Според неговото мислење, светот во кој милиони градови би биле во урнатини, а огромен број луѓе би умреле од ударниот бран и радијацијата не може да се смета за победа, пренесува РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Волстрит журнал“: На Украина и се заканува колапс на фронтот

Медведев оценува дека ваква апокалипса не само што е можна, туку и сосема веројатна.

Медведев ја гледа долгорочната „потрага по најтешките компромиси“ како уште еден начин за решавање на светската конфронтација.

Тој повика на формирање нов светски поредок заснован на рамнотежа на интересите на сите земји, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...