Медот – природен лек и пријател на вашето тело

Сподели со своите пријатели

Медот е природен засладувач и моќен извор на антиоксиданси, па неговата секојдневна употреба го намалува бројот на слободни радикали во крвотокот.

Loading...

Медот исто така е одличен извор на минерали како што се бакарот, силициумот, манданот, калциумот и калиумот, како и витамините Б6 и Б12.

 

 

Медот е сојузник во борбата против вишокот на килограми

Оние кои сакаат да ослабнат може да го користат едот како природен засладувач. Тој содржи 22 аминокиселини и разни минерали кои му се потребни на организмот и го снабдува телото со хранливи состојки, а го намалува апетитот.

Медот содржи фруктоза, а не гликоза, па му дава на телото одржлива енергија која трае подолго време.

Loading...

Медот ја зголемува енергијата

Доколку сакате да ја зголемите енергијата, измешајте една лажичка мед со малку цимет и една чаша вода. По една недела редовно конзумирање ќе почувствувате дека имате повеќе енергија. Додадете и малку луто пиперче кое ќе помогне да ви се подобри циркулацијата.

 

 

Медот ја хидрира кожата

Медот има природни регенеративни, како и антисептички и антибактериски својства. Ставете малку мед на кожата и оставете го да делува баре 10тина минути, па исплакнете прво со млака, па потоа со студена вода.

Може да го измешате и со сок од портокал, испасирана банана и овесна каша и да добиете хранлива маска која ќе ја направи вашата кожа свежа и мека.

Loading...

Медот помага при мамурлак

Доколку сте мамурни, каснете мед намачкан на бисквити или двопек. Фруктозата од медот ќе помогне побрзо да се исфрли алкохолот од вашето тело, а калциумот ќе ви помогне полесно да се справите со негативните ефекти од алкохолот.