Маск: Го напуштам Твитер штом најдам некој доволно луд да ја преземе работата!

Сподели со своите пријатели

Милијардерот Илон Маск во вторникот изјави дека ќе се повлече од функцијата шеф на Твитер веднаш штом најде негова замена, но ќе продолжи да води некои клучни оддели на социјалната мрежа.

Loading...

„Ќе се повлечам од функцијата извршен директор штом најдам некој доволно луд да ја преземе работата! После тоа ќе ги водам само софтверските и серверските тимови”, напиша тој на Твитер.

Преземањето на Твитер од страна на Маск во октомври за 44 милијарди долари изгледаше хаотично и спорно, а некои инвеститори се прашуваа дали тој е премногу расфрлан за правилно да ја води својата компанија за електрични возила Tesla Inc, каде што тој лично е задолжен за производство и инженерство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инстаграм тргнува во борба против профили кои само копираат и објавуваат туѓи содржини

Со објавата во вторникот, Илон Маск за првпат спомена дека ќе се повлече од челната позиција на медиумската платформа, откако мнозинството од учесниците во анкетата што тој самиот ја организираше преку Твитер од неделата вечерта гласаа за негово заминување.

Околу 57 отсто од над 17,5 милиони испитаници рекле дека се за пензионирање на Маск, одговарајќи со „да“ на неговото прашање „Дали треба да се повлечам од Твитер“.