Мартин Костовски реизбран за претседател на СДСМ Куманово

Сподели со своите пријатели

Мартин Костовски е резибран за претседател на Општинската организација на СДСМ во Куманово.

Loading...

Согласно овластувањата на претседателот на партијата Зоран Заев назначени се 30 нови претседатели на локалните ограноци, од кои дел се резибрани, а дел се новопоставени.

Костовски повторно ја доби довербата на партијата во конкуренција на вкупно седум кандидати, и тој ќе ја предводи понатаму во Куманово.

– Благодарност до Претседателот Зоран Заев за довербата што ми ја даде за повторен мандат за претседател на најголемата општинска организација,за бастионот. Благодарност до партиските другари кои беа во трката за претседател. Во наредниот период остануваме победници, заедно подобри, поорганизирани и поуспешни, напиша Костовски на својот Фејсбук профил.

Инаку, Костовски е правник, а работи како директор на ЈП „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Leave a Reply