Марко Симоновски следната сезона во дресот на МЗТ

Сподели со своите пријатели

Репрезентативецот Марко Симоновски се враќа во таборот на МЗТ Скопје Аеродром каде впрочем и ја започна сезоната со капитенската лента.

По заминувањето на Дамјан Стојановски актуелниот шампион го враќа Марко Симоновски во своите редови. Симоновски кој ја започна сезоната во МЗТ Скопје премина во редовите на КК Куманово, каде беше еден од одлучните играчи во составот. Во просек на 27 одиграни натпревари за тимот од Куманово тој забележа 11.9 поени, 2.0 асистенции и 3.4 скокови по натпревар. Марко Симоновски е познат по неговиот удар за три поени кој оваа сезона бележи 43% реализација.

Како по навика тимот од Аеродром го очекува комплетна трансформација оваа сезона. На смена на тренерската позиција се шпекулираат две домашни имиња, додека пред напуштање на тимот е и центарот Урош Луковиќ. Но, од друга страна нема никаква информација за засилувања во сино-белиот тим на кумановци.