Марин Ле Пен: Ако победи Русија – катастрофа, ако победи Украина – ќе започне светска војна

Сподели со своите пријатели

Лидерот на француското народно движење Марин Ле Пен предупреди дека ако победи Русија, тоа ќе биде катастрофа, но ако победи Украина, ќе започне Трета светска војна.

Loading...

Во интервју за група медиуми, вклучително и шпански Ел Паис, Ле Пен рече дека кога нација како Русија напаѓа друга нација и го загрозува нејзиниот суверенитет, нема можност за дистанцирање и мора да се заземе позиција.

Taa вели и дека треба да се воведат санкции кон Русија, но не и во енергетскиот сектор и дека треба да се преговара за мир.

„Ако Русија ја добие војната, тоа ќе биде катастрофално, бидејќи сите земји со територијален конфликт ќе мислат дека можат да го решат со оружје. Ако Украина победи, тоа ќе значи дека НАТО влегол во војна, бидејќи убеденa сум дека Украина без помош на НАТО не може воено да ја победи Русија. А тоа значи дека Третата светска војна започна. Ако продолжиме да испорачуваме оружје на Украина, како сега, ни претстои уште една 100-годишна војна, која, со оглед на човечките загуби, е страшна“, рече таа.

Зборувајќи за изборите во Франција, Ле Пен рече дека во Франција се случува токму она што го предвидела во предизборната кампања и дека добива се поголема доверба кај граѓаните на Франција.

„За неколку години од најомразената партија во Франција станавме најсакана. Ние никогаш не сме биле екстремни десничари, бидејќи сме радикално против некои принципи карактеристични за овој тренд, како што се антипарламентаризмот, отфрлањето на плурализмот и употребата на насилство. Сметаме дека нацијата е политичко срце на нашиот проект“, рече таа.

Иако Ле Пен го поздрави фактот што францускиот претседател Емануел Макрон се огради од Америка во однос на Кина, таа го критикуваше за европскиот суверенитет бидејќи, како што вели, за да постои суверенитет, потребен е народ, а не постои европски народ.

„Сè уште сум евроскептик и секој ден што минува сум се поскептична. Не сум скептична кон Европа, туку кон политичката организација на Европа“, рече Ле Пен.

Loading...

Кога станува збор за имиграцијата, таа рече дека, доколку дојде на власт, ќе воведе одредба во Уставот на Франција со која Французите ќе имаат приоритет пред странците во пристапот до работни места, станови и социјални бенефиции, пренесува Танјуг.