Маргарита е омилен коктел кој се пие речиси 70 години

Сподели со своите пријатели

Приказните за потеклото на Маргарита се разликуваат, а едната вели дека овој коктел за прв пат бил измешан за актерката Марџори Кинг, која тврдела дека е алергична на речиси сите жестоки пијалаци освен текилата.

Loading...

Бидејќи шпанската верзија на нејзиното име е Маргарита, пијалокот го добила нејзиното име. Но, едно е сигурно – во 1937 година рецептот за овој коктел се појавил под името Пикадор, а под името Маргарита начинот на подготовка првпат бил објавен во 1953 година во магазинот Esquire.

 

 

Денес е Денот на Маргарита, па измешајте го овој супер популарен коктел. Потребни ви се 50 мл Текила Бланко, 20 мл ликер од портокал, 30 мл свеж сок од лимета и 10 мл шеќерен сируп. Измешајте го и ставете сол на работ од чашата, а за декорација – парче лимета.