Манифестацијата „Велигден, ист на различен начин“ се одржа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Ученици, ентузијасти, поединци денеска учествуваа на манифестацијата „Велигден, ист на различен начин“, што ја организира здружението „Живот“ од Куманово.

Loading...

 

 

Поради временските услови наместо на градскиот плоштад, манифестацијата се одржа во занаетчискиот дом во Куманово.

 

 

Loading...

Учесниците декорираа велигденски јајца, децата учествуваа на литературен конкурс.

Претседателката на здружението, Благица Гавриловска Цветковиќ изјави дека целта на манифестацијата е да се зачува традицијата, да се вклучат младите во чествувањето на Велигден преку креативни форми.

 

 

– Настанот се организира по втор пат, има доста интерес не само од Куманово, туку има од други општини, Конче, Ранковце, Македонска Каменица. Ќе има и турнир во кршење јајца, изјави Цветковиќ.

 

Loading...

 

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски вели дека општината логистички го поддржува настанот. Во духот на мултиетничко и мултирелигиско Куманово, општината поддржува различни манифестации.

– Денеска сме тука за Велигден, вечерва на традиционална ифтарска вечера. Тоа е Куманово, ги негуваме сите традиции, тоа е нешто по кое се разликуваме не само во државава, туку и пошироко. Општината прва отвори младински центар, се обидуваме да ги поддржиме сите заинтересирани млади, креативци. Од неодамна поддржуваме 100 настани и манифестации кои конкурираа на објавениот оглас, изјави Димитриевски.

 

 

Тој кажа дека општината има свои канцеларии кои ги става на располагање на граѓанските организации за одржување настани.

Манифестацијата заврши со турнир во кршење велигденски јајца и прогласување на најцврсто велигденско јајце. На манифестацијата присуствуваше и амбасадорот на руската федерација Сергеј Баздникин, кој се заблагодари за поканата за настанот организиран за најубавиот христијански празник Велигден и ги поздрави учесниците.

Loading...

 

 

Коорганизатор на настанот е Фондацијата за култура и спорт Куманово.

 

Loading...

 

 

Текст: МИА/ фото: Никола Ивановски