Малолетник од Куманово повреден откако шипка од рингишпил паднала врз него

Сподели со своите пријатели

Малолетник е повреден откако се откачила шипка од рингишпил во луна парк во Куманово и паднала врз него.

Loading...

– На 07.06.2022 околу 22.30 часот во СВР Куманово, Б.Д.(49) од Куманово пријавил дека околу 19.30 часот во луна парк на булеварот „Октомвриска револуција“, додека неговиот малолетен син бил на рингишил, паднала метална шипка и го повредила, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец крадел од паркирано возило