Малолетник од Куманово повреден од заталкан куршум

Сподели со своите пријатели

Четиринаесетгодишно момче од Куманово било повредено од заталкан куршум при што завршил во болница.

Loading...

– На 23.05.2023 во 14.22 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник на возраст од 14 години од Куманово со повреда во пределот на левата нога од заталкан куршум, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски