Малолетник нападнат од двајца врсници во Куманово

Сподели со своите пријатели

Малолетник бил физички нападнат од двајца врсници вчеравечер во Куманово, според пријавата поднесена во полицијата.

Loading...

– На 17.02.2024 во 01.30 часот во СВР Куманово, Г.Б. од Куманово пријавил дека на 16.02.2024 во 22.30 часот на булеварот „Трета македонска ударна бригада” неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од кумановската полиција додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски