Малолетници сквернавеле гробови и се снимале за ТикТок, приведени од полицијата

Сподели со своите пријатели

Малолетници сквернават гробови и се снимаат на нив, а снимките завршија на ТикТок.

Loading...

Јавноста повторно е шокирана од она што може да се најде на социјалната мрежа.

Овој пат, две лица сквернават гробови и се снимаат, а непозната е локацијата за кои гробишта станува збор.

Во првото видео едното лице лежи на гробна плоча и бара 1500 лајкови за да си направи иста плоча, а на второто се обидува да стави крст во снегот.

Со оглед дека станува збор за малолетници, снимките нема да ги пренесуваме.

Полицијата ги идентификуваше и приведе попладнево.

– Полициски службеници од ОВР Ресен денеска (18.02.2021) во периодот од 16 до 18.30 часот идентификуваа и извршија службен разговор со тројца малолетници од Ресен (двајца на 16-годишна возраст и еден- 14 години) во врска со објавениот видео материјал на социјалната мрежа „тик-ток“ на кое се сквернават гробови во овој град. Со малолетниците, во присуство на родител, е извршен службен разговор, а по документирање на случајот, во координација со надлежен обвинител ќе бидат поденесени соодветни поднесоци.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply