Максим Димитриевски е еден од фаворитите за локалните избори, истакна Заев

Сподели со своите пријатели

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев попладнево не прецизираше дали актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски повторно ќе биде предложен за кандидат за градоначалник на претстојните локални избори.

Loading...

На новинарско прашање, Заев рече дека Димитриевски е еден од фаворитите, но оти има и други кандидати.

– Ние сме другари социјалдемократи и секогаш во демократска процедура ги утврдуваме најдобрите меѓу нас кои по сугестија на граѓаните ќе ги понудиме како наши кандидати за советници и за градоначалници. Секако дека Максим е еден од фаворитите, но тука имаме и други кандидати, изјави Заев.

 

Leave a Reply