Македонските граѓани собраа над 20 милиони денари за Сирија и Турција

Сподели со своите пријатели

Црвениот крст на Република Северна Македонија на 14.02.2023 година во 11:00 часот во Момин Поток- Скопје организира прес конференција во врска со испраќањето на хуманитарна помош за настраданото население во Турција.

Loading...

Заклучно со 13.02.2023 година преку донаторските телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 20.211.361 денари.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

• Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цената за регистрација на автомобилите ќе остане иста

• како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

• За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

Loading...

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина:

1. Зимски семејни шатори

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги

2. Ќебиња

3. Греалки на струја/плин

Loading...

4. Церада (постилка за на земја)

5. Церада (зимска)

6. Вреќи за спиење

7. Столици на расклопување (се претвора во кревет)

8. Креветчиња на расклопување

9. Фенер на соларно напојување

10. Кујнски сетови

11. Храна и средства за хигиена ( според стандардите за хуманитарна помош)

Loading...

Задолжително сите донирани артикли да бидат нови.

Приоритет да се става на (зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња).