Махмуд Абас: Палестинскиот народ има право да се брани

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Палестина Махмуд Абас во врска со денешниот напад изјави дека „палестинскиот народ има право да се брани“.

Loading...

Тој зборуваше за „потребата да се обезбеди заштита на својот народ“, нагласувајќи го правото на палестинскиот народ да се брани од доселеничкиот „тероризам и окупаторските сили“.

Да потсетиме дека неколку десетици членови на палестинската милитантна група Хамас денеска го нападнаа јужниот дел на Израел, по што следеше силен ракетен напад од Појасот Газа.

Најмалку 22 лица загинаа, а израелското Министерство за здравство соопшти дека повеќе од 545 луѓе се повредени.

Израелската армија го возврати нападот, а како што рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во земјата има воена состојба.

Борбите се уште траат во некои делови.