Магацин за керамика изгоре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Седум пожари бележат кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Првата интервенција била на запален контејнер во булеварот „Трета МУБ“, каде во период од 13:00 до 13:16 часот интервенирале тројца пожарникари.

Во селото Доброшане се запалил магацин за керамика. Се интервенирало со дури пет возила и деветмина пожарникари во период од 13:45 до 02:50 часот утринава. Причините и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

Во овој пожар, како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, еден пожарникар се здобил со повреди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Физички нападнат жител на Матејче

– Екипа на Територијалната противпожарна единица го изгаснала пожарот, а при гаснењето на пожарот еден пожарникар се здобил со повреди и бил пренесен во Општа болница Куманово за укажување лекарска помош, велат од СВР Куманово.

Во селото Никуштак горела сува трева при што околу 17:50 часот на терен излегле тројца пожарникари.

Околу 19 часот се запалил контејнер во атарот на селото проевце, при што двајца пожарнкари интервенирале до 19:55 часот.

Во атарот на липковско Слупчане гореле сува трева и стрниште, при што во период од 20:50 до 21:40 часот интервенирале тројца пожарникари.

Loading...

Запален контејнер горел и кај „Поток Серава“, при што во период од 13:00 до 13:1 часот интервенирале тројца пожарникари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Физички нападнат 39-годишен кумановец

Во селото Градиште во текот на раните утрински часови горело стрниште, при што во период од 04:46 до 06:15 часот интеревенирале двајца пожарникари.

Никола Ивановски