Магацин со муниција погоден во напад на украински дронови на Крим

Сподели со своите пријатели

Магацин со оружје е погоден во напад на украински дронови на Крим, соопшти денеска гувернерот назначен од Москва.

Loading...

„Противвоздушните сили соборија и неутрализираа 11 непријателски беспилотни летала над Крим“, рече гувернерот Сергеј Аксинов преку Телеграма.

Тој рече дека е погодено „складиште за муниција“ во областа Џанкои, а една куќа била оштетена од остатоците од дронот.

Русија денеска објави и дека во текот на ноќта неутрализирала два украински дрона во близина на Москва, тврдејќи дека спречила „терористички напад“ од Киев врз главниот град на Русија.

„Два украински дрона летала се неутрализирани и се урнати. Немаше жртви“, соопшти утрово руското Министерство за одбрана.

Според руската новинска агенција ТАСС, еден од дронови паднал на Комсомолски Порспект во близина на руското Министерство за одбрана, додека другиот удрил во деловен центар на улицата Лихачева, еден од главните периферни булевари во Москва.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, рече дека нападите со беспилотни летала погодиле нестанбени згради околу 04:00 часот по локално време (02:00 часот по средноевропско време).

Тој рече дека безбедносните служби се мобилизирани и дека нема жртви.

Loading...

Москва неколку пати оваа година беше нападната со беспилотни летала, а еден од нападите дури и го погоди Кремљ во мај.

На почетокот на јули, Русија објави дека соборила пет украински беспилотни летала кои дошле на меѓународниот аеродром Внуково во Москва.

Од друга страна, украинската армија утринава соопшти дека Русите во текот на ноќта извршиле напад на украинското пристаниште Одеса, каде е оштетен хангар со жито.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.