Лукашенко: Пристигна нуклеарното оружје. Три пати е посилно од бомбата во Хирошима

Сподели со своите пријатели

Белорусија почна да добива тактичко нуклеарно оружје од Русија, изјави нејзиниот претседател на руската државна телевизија.

Loading...

Александар Лукашенко изјави за Русија-1 дека некои од нив се „три пати“ посилни од атомските бомби што САД ги фрлија врз Хирошима и Нагасаки во 1945 година.

Лукашенко вчера изјави дека нема да се двоуми да употреби оружје доколку неговата земја се соочи со агресија.

„Не дај Боже денеска да треба да донесам одлука за употребата на тоа оружје, но нема да има двоумење доколку се соочиме со агресија“, рече Лукашенко.

Владимир Путин најави дека ќе го пренесе оружјето во магацините преку руската граница, но нагласи дека ќе ја задржи целосната контрола врз неговата употреба.

Тактичкото нуклеарно оружје обично се разликува од нуклеарните боеви глави вградени во интерконтинентални балистички ракети.

Наменет е да ги уништи непријателските трупи и оружје на бојното поле, а не да уништува цели градови.

Путин најави трансфер на оружје во Белорусија во текот на јули

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин пред неколку дена објави план за распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија од почетокот на јули.

Loading...

Путин рече дека подготовките за клучните објекти ќе бидат завршени на 7 и 8 јули, а потоа ќе започне преместувањето.

Западните воени сојузници остро го критикуваа планот.

На крајот на мај Лукашенко изјави дека најавениот трансфер на оружје во неговата земја веќе е започнат.

Ако планот на Москва се реализира, Белорусија ќе има нуклеарно оружје за прв пат од 1990-тите, откако доброволно го предаде по распадот на Советскиот Сојуз.

Ќе бидат распоредени ракети Искандер, кои можат да бидат опремени со нуклеарни боеви глави.

Неколку белоруски борбени авиони исто така се приспособени да го користат новото вооружување, се вели во извештајот на ТАСС.