Лукашенко: Односите меѓу Белорусија и Белгија минуваат низ тежок период поради политиката на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Односите меѓу Белорусија и Белгија во моментов минуваат низ тежок период поради кратковидната политика на Европската унија, изјави денеска претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Loading...

Честитајќи ѝ на Белгија по повод државниот празник, тој рече дека во изминатите неколку децении двете земји активно ја проширија билатералната соработка, најмногу во економската и хуманитарната сфера, што несомнено придонесе за благосостојбата и напредокот на Белорусија и Белгија, пренесе ТАСС.

– За жал, нашата врска моментално минува низ тежок период поради кратковидите ставови на Европската унија кон Белорусија – се пожали белорускиот лидер во пораката што ја објави неговата прес-служба.

Лукашенко изрази надеж дека отфрлањето на политиката на конфронтација што е можно поскоро и заедничкото изнаоѓање начини за решавање на разликите ќе придонесе за мир на европскиот континент.

Претседателот на Белорусија ја потврди подготвеноста на Минск да го продлабочи „партнерството со взаемно почитување“ со Брисел во сите домени и исто така им посака на граѓаните на Белгија здравје, хармонија и просперитет.