Лукашенко: Извештаите за украинската контраофанзива се дезинформации

Сподели со своите пријатели

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека ги смета извештаите за украинската контраофанзива за дезинформации.

Loading...

„Немало и никогаш не може да има, според мене, контраофанзива“, рече Лукашенко на состанокот со учесниците на седницата на Советот на Парламентарното собрание на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), пренесе Белта.

Западот поттикнува тензии и отворено признава дека се подготвува за војна, изјави Лукашенко на состанокот на ОДКБ.

Лукашенко истакна дека Западот, и покрај брзиот пад на животниот стандард и влошените економски перспективи во европските земји, ги интензивира меѓународните тензии додека западните политичари отворено признаваат дека се подготвуваат за војна.

„Украина останува централната арена на конфронтација, бојното поле на нашиот континент“, рече Лукашенко, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.