Лукашенко: Американците ја принудуваат Русија да користи нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави во петокот дека со вооружувањето на Украина, САД ја принудуваат Русија да користи нуклеарно оружје.

Loading...

„Добивам впечаток – повторно, ова е мое мислење – дека Американците ги туркаат Русите да користат најстрашно оружје. Тие го вооружуваат Володимир Олександрович Зеленски и неговата војска и обезбедуваат проектили со долг дострел. Дури и ракети кои можат да летаат на оддалеченост од 300 километри“, рече Лукашенко при посетата на воен објект во регионот Брест.

Лукашенко додаде дека Москва ќе мора да одговори доколку таков проектил погоди руска територија.

„Еден таков напад длабоко во руска територија и одговорот ќе биде колосален. Во спротивно, зошто ни е потребно ова (нуклеарно) оружје?“, рече Лукашенко.

Според него, разгорувањето на тензиите меѓу земјите може да доведе до ситуација Русија „да го извади црвеното копче и да го стави на маса“.

Тој додаде дека Американците не се плашат за својата безбедност „бидејќи се преку океанот“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.