Луда тепачка во ресторан поради скара: Снимката доби над милион прегледи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 40 луѓе учествувале во тепачката во еден ресторан со скара – летале столици и маси!

Loading...

Има две верзии за настанот од ресторанот „Голден корал“ во Америка. Еден од очевидците рекол дека тепачката избила меѓу двете семејства, така што се вмешале и останатите.

Причината наводно била тоа што едното семејство го „прескокнало“ редот.

Меѓутоа, друг вели дека тепачката се случила по расправија за стек. Муштеријата кој барал печено месо и го нарачал првото, си го добил оброкот по муштеријата кој барал „крвав“ стек.

„Барав месо кое е лошо печено и прв го добив, секако затоа што месото ми се готви пократко. Настана хаос и се фатив за стол за да се одбранам, а потоа почнаа да ме шлакаат“, вели Алексис Риос.