Љубовната приказна на кралот и кралицата на Бутан: Нивниот живот е вистинска бајка!

Сподели со своите пријатели

Дали знаевте дека Бутан е единствената земја во светот што има Министерство за среќа?

Loading...

Тоа е исто така единствената земја што се обидува да произведе храна за своето население, така што увозот е сведен на минимум. Но, она што најмногу го фасцинира светот се кралот и кралицата на Бутан.

Сите велат дека бутанската кралица Пема е најскромната кралица во светот. И стана кралица кога се омажи за кралот Jигме.

 

Бутанскиот крал Јигме, студирал во Велика Британија и САД и седнал на тронот во 2006 година, откако неговиот татко абдицирал. Jигме во тоа време имал само 26 години.

За разлика од неговиот татко кој имал четири жени (сите сестри) и со кои се венчал во истиот ден, Jигме бил решен – тој би имал една жена, а тоа ќе биде Пема.

И покрај обичаите, Jигме упорно се оженил со само една жена и тој го сторил тоа на 13 октомври 2011 година, додека таа сè уште била студентка во Лондон.

Loading...

Jиигме ја запознал Пема кога таа имала само 7 години, а тој 17 години. Тогаш тој ветил дека ќе му биде сопруга и тој стрпливо чекал да порасне.

 

Кралот Змеј, како што го нарекуваат луѓето, решил да ја одземе силата на круната и да воспостави демократија.

Тој привлече големо внимание во јавноста во Бутан со својата наклонетост кон неговата сопруга, која јавно ја држеше и ја бакнуваше. Граѓаните не беа навикнати на такво нешто. Светот ги нарекува и „Вилијам и Кејт од Хималаите“.

Среќната двојка имала два сина, а деновиве го прославија првиот роденден на своето второ дете, па го израдуваа светот со нови фотографии од среќното семејство.

Семејството на Jигма и Пема се невообичаено поврзани. Имено, постарата сестра на Пема е омажена за братот на Jигме, додека помладата полусестра на кралот е омажена за помалиот брат на кралицата.

 

Loading...

И сега малку за Бутан и политиката што ја спроведува младиот пар:

Бутан е единствената земја во светот во која владата е убедена дека среќата е најважната цел кон која се стреми целото население. Колку ова им е важно, покажува фактот дека правото на среќа е заведено во членот 9 од нивниот устав.

Поради оваа причина, на секое лице во земјата на пописот, меѓу другото, му се поставува прашањето „дали сте среќни?“

 

 

На последниот попис спроведен во 2015 година, 35 проценти од населението се изјасниле дека се „многу среќни“, 47,9 проценти се чувствуваат „умерено среќни“, а само 8,8 проценти се изјасниле дека се „несреќни“.

Loading...

Во Бутан, нема поим за бруто домашен производ. Наместо тоа, се користи различен индикатор за благосостојбата на земјата – бруто национална среќа.

Бруто националната среќа е концепт што потекнува од 1972 година во Бутан како идеја за тогашниот крал на Бутан. Идејата е противтежа на бруто националниот производ и потекнува од будизмот.

 

Постојат четири основни компоненти на бруто националната среќа, имено културната димензија, правичниот економски развој, доброто управување и заштитата на животната средина.

Затоа, среќата се смета за врвен приоритет на националната политика. Владата на Бутан дури формираше и Министерството за среќа, што досега не го имала ниту една земја во светот.

Loading...

Бутан, кој според сите индикации е навистина единствено место на оваа планета, е многу помалку погоден од глобални проблеми како што се глад и криминал. Луѓето таму живеат задоволен живот, не се опседнати со модерната технологија и успешно го зачувале своето уникатно културно наследство.

Ова се должи на фактот дека досега не доживеале уништување од војната или екстремна сиромаштија.

 

Нивниот закон забранува убивање животни, така што повеќето жители се вегетаријанци. Забранет е и увоз на пестициди, што значи дека земјоделските производи воопшто не содржат штетни состојки.

Loading...

Друг интересен аспект на животот во Бутан е тоа што шумите не се сечат – населението секогаш се обидува да засади што е можно повеќе дрвја.

Централните и јужните делови на земјата воопшто не се развиени – овие области во принцип се големи природни резервати со богата флора и фауна.

Во последните 20 години, очекуваниот животен век во Бутан е двојно зголемен и скоро сите деца во оваа не толку богата земја одат на училиште.

 

Loading...

Исто така, во согласност со зачувувањето на животната средина, Бутан воведе ден за пешачење еднаш месечно. На тој ден сите вработени одат пеш на работа и никој не оди со автомобил за да не ја загадува дополнително околината.

Бутан успеа да го задржи најголемиот дел од своето природно богатство од многу едноставни причини: ловот е забранет, а уништувањето на шумите е скоро непостоечко.

Ова кралство (парламентарна монархија) произведува доволно за да се издржува.

Leave a Reply