Липковец приведен поради кражба на мотоцикл

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишен жител на липковското село Слупчане вчера бил приведен под сомнение дека украл мотоцикл на кумановскиот плоштад.

Loading...

– На 02.06.2022 во 23.50 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.И.(33) од село Слупчане, општина Липково. Тој се сомничи дека претходно на плоштадот „Нова Југославија“ со употреба на сила и подесен алат одзел мотоцикл, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од кумановската полиција, кај него бил пронајден мотоциклот, а тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо

Никола Ивановски