„Ленче кумановче“ за Прочка се враќа на ТВ екранот

Сподели со своите пријатели

Култната претстава „Бегалка“ или меѓу луѓето позната како „Ленче кумановче“ годинава ќе се врати на ТВ екранот на Прочка.

Loading...

По повеќе години пауза, во недела во 08:10 часот на првиот канал на Македонската радио телевизија ќе се емитува претставата, информираат денеска од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Станува збор за изведба на претстава од 1971 година, снимка која од страна на вработените во МРТ е дигитализирана.

– Благодарност до уредничката Анета Андонова која го прифати овој предлог кој беше наш и на актерите кои играат во претставата и благодарност до вработените во МТВ кои ја дигитализираа оваа театарска претстава, велат од НУЦК „Трајко Прокопиев“ и Театар Куманово.

Претставата „Бегалка“ е по текст на Васил Иљоски. За првпат била изведена во 1928 година на сцената на Скопскиот театар, на кумановски говор, а потоа набргу била симната од репертоарот и забранета.

Повторно, премиерно е прикажана на 15 декември 1936 година, овојпат под наслов „Ленче Кумановче“.

До крајот на театарската сезона истата година, претставата била прикажана 12 пати и ја гледале 6.136 гледачи.

Претставата во Театар Куманово е играна во 1971 година и оттогаш е вонвременски хит кој никогаш не ја загубил популарноста меѓу луѓето.

Loading...

Никола Ивановски