ЛЕКАРИТЕ ВО ШОК: Го прогласиле за мртов, а тој се разбудил на аутопсија

Сподели со своите пријатели

Шпанските власти биле шокирани кога затвореник се разбудил во мртовечницата откако тројца лекари го прогласиле за мртов, неколку часа пред почетокот на обдукцијата.

Loading...

Затвореникот Гонзало Монтоја Хименез не покажал знаци на живот кога бил пронајден во неговата ќелија и бил пренесен во мртовечница со торба за тело.

Патолозите се шокирале кога слушнале чудни звуци од торбата. Хименез, кој бил во максимално обезбеден затвор поради грабеж, најпрво бил прегледан од двајца дежурни лекари, откако чуварите го пронашле како седи во несвест на столот во ќелијата. Немало траги на насилство.

Бидејќи не го почувствувале пулсот, лекарите го прогласиле за мртов, а еден час подоцна и вештак по судска медицина кој повторно го прегледал телото.

Хименез бил спакуван во торба за тело и во фрижидер, со ознаки на телото каде да се исече за обдукција. И тогаш форензичарите ги слушнале звуците од торбата и кога ја отвориле, го пронаѓле Хименез жив, пренесува Ел Еспањол.

Хименез потоа бил префрлен во друга болница за да се излечи од мистериозната болест, објави „Сајанс Алерт“.

Ден пред „смртта“, Хименез се пожалил дека не се чувствува добро и, иако лекарите не знаат што ја предизвикало неговата состојба, тие изјавиле дека на неговото тело има знаци на цијаноза – виолетови дамки на кожата кои се појавуваат поради слаба циркулација или недостаток на кислород и ригор мортис.

Лекарите им соопштија на шпанските медиуми дека причина за лажната смрт може да биде каталепсијата, кога телото ќе падне во состојба слична на транс или напад, пациентот ја губи свеста и секое чувство и се вкочанува.

Loading...

Не е познато како Хименез станал каталептичен, иако страдал од епилепсија, која ја лекувал со лекови. Неговото семејство вели дека честопати не му е лесно да зема лекови на време во затвор, па можно е тоа да било причина за нападот.

На Хименез му биле потребни 24 часа да се „врати во живот“, да се освести и да зборува, а лекарите велат дека штом се стабилизирал, тој прашал дали може да ја види сопругата.

Leave a Reply