Лекари предупредуваат на загрижувачки ТикТок предизвик: Ова е алармантен проблем!

Сподели со своите пријатели

Пластичните хирурзи се повеќе се загрижени за новиот предизвик на ТикТок што доведе до повеќе смрзнатини кај младите.

Loading...

Речиси 70 луѓе, од кои некои на возраст од десет години, се појавиле во болницата „Royal Victoria“ во Њукасл, Англија, со такви повреди.

Биле потребни неколку пластични операции за да се спаси нивната оштетена кожа.

За порастот на овие рани, кои се предизвикани од изложеност на многу ниски температури, се обвинува TikTok, каде што младите луѓе се снимаат како прскаат дезодоранси на нивната кожа од непосредна близина.

Се покажа дека 15 секунди излив на аеросол со дезодоранс, кој се држи на само пет сантиметри, ја намалува температурата на кожата за повеќе од 60 степени целзиусови, што е доволно за да предизвика екстремни смрзнатини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун

„Влијанието на социјалните мрежи врз младите не може да се потцени. Пред 20 години изгорениците од студ беа речиси нечуени“, вели пластичниот хирург Конор Баркер.

Тој истакна дека шишињата со дезодоранси треба да имаат предупредување дека прскањето блиску до кожата може да доведе до сериозни повреди.

„Постојат предупредувања за запаливост и вдишување на растворувачи, но не и за предизвикување повреди на кожата“, додава др. Баркер.

Loading...

10-годишно девојче од Хертфордшир минатата година завршило на пластична операција, откако од непосредна близина испрскало со дезодоранс на кожата, што го видела на интернет.

Подоцна хирурзите предупредија дека може да поминат и до две години додека нејзините повреди целосно не заздрават, пишува Daily Mail.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инстаграм тргнува во борба против профили кои само копираат и објавуваат туѓи содржини

Д-р. Мани Рагбир вели: „Ова е алармантен проблем што може да се спречи што ги погодува децата. Бара итно внимание“.