Лавови и тигри се евакуирни од Украина и моментално се сместени во Полска

Сподели со своите пријатели

Шест лава и шест тигри евакуирани од областа Киев вчера пристигнаа во зоолошката градина во Полска по дводневна одисеја во која камион ја заобиколи линијата на фронтот и се сретна со руски тенкови, изјави портпаролот на зоолошката градина.

Loading...

Украински камион ги возел животните, заедно со две диви мачки и едно диво куче, на речиси 1.000 километри до границата со Полска, избегнувајќи го регионот Житомир, кој беше бомбардиран од руските сили, изјави за AFP портпаролката Малгоржата Ходила.

 

 

Камионот морал да преноќи пред руски тенкови. Возачот одмарал под своето возило додека сопственикот на украинското засолниште ги хранел животните бидејќи транспортниот тим не знаел како да го направи тоа, изјави портпаролката. На граница животните биле префрлени во полски камион додека украинскиот возач се вратил дома кај своите деца.

 

Loading...

 

Засега животните ќе се сместени во зоолошката градина во Познањ. Директорката на полската зоолошка градина, Ева Зграбчинска, која помогна во организирањето на евакуацијата, рече дека веќе била во контакт со неколку западни организации кои сакаат да ги примат животните. Исто така, започна кампања за собирање средства бидејќи градот Познан, кој управува со зоолошка градина, нема буџет за евакуирани животни.